Утре е строг пост – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител, еден од најтешките празници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Секоја година на 11 септември се одбележува празникот посветен на погубувањето на Св. Јован Крстител.

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.

Овој празник е познат под различни имиња како: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Иако Свети Јован е погубен пред Пасха, празникот е поместен на овој ден затоа што тогаш е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл.

Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи