Балковски: Нема раздор со ОК на ВМРО-НП во Прилеп и централата, ние како кандидат за советник моравме да поставиме лице од женски род

Play Video

Согласно договорите со СДСМ на централно ниво ние во Прилеп, како ВМРО-НП треба како кандидат за советник да поставиме лице од женски род и тоа мора да се испочитува, иако прво рангиран според гласањето на ОК на ВМРО-НП било лице од машки род.

„На состанок со СДСМ истакнав дека ОК на ВМРО-НП во Прилеп има избрано кандидат за советник маж. Тоа не се прифати бидејќи договорот беше кандидатот да биде жена. Бидејќи не сакавме да го изгубиме советничкото место во Прилеп ние моравме според договорот да кандидираме лице од женски род. Коалицијата со СДСМ и ВМРО-НП не е доведена во прашање, нормално е да има вакви незадоволства пред избори, сите работи во Прилеп функционираат нормално во ОК на ВМРО-НП, така што и претседателот и секретарот на ОК дејствуваат во правец на коалицијата и партијата, ова се ставови на поединци“, вели за Инфо Компас, генералниот секретар на ВМРО-НП, Љупчо Балковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи