20 години од нападот на Кулите Близначки во Њујорк

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пред 20 години на денешен ден исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и ги изведоа најголемите терористички напади во историјата.

Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони.

Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.977 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД.

„Според мене, ова е централната лекција за 11 септември, дека кога сме најранливи, во потиснување на се она што не прави луѓе и во битката за душата на Америка, единството е нашата најголема сила“, рече Бајден, додавајќи дека „единството не значи дека мора да веруваме во иста работа“.

President Biden on the 20th anniversary of 9/11

On the eve of the 20th anniversary of the horrific 9/11 attacks, President Biden honors the lives of those we lost and highlights how even at our most vulnerable – unity is our greatest strength.

Posted by The White House on Friday, 10 September 2021

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи