ВИДЕО – По вчерашните протести пред Тиквеш министерот денеска не се појави во Кавадарци, лозарите се заканија со штрајк пред Влада


Гневни поради ниските откупни цени дел од лозарите во Кавадарци вчера доцна попладнето истурија околу 7 тони грозје пред капијата на винарската визба „Тиквеш“ и урнаа дел од оградата на компанијата. Велат дека „Тиквеш“ не сакал да го откупи грозјето кое било со помалку од 21 шекерна единица. Чашата ја прелил моментот кога Од Тиквеш им рекле да предадат грозјето за дестилат и да им го платат по само 8 денари за килограм.

„Пред само 2 дена беше договорена цената на грозјето и ние се пофаливме за тоа, за вранецот беше од 18,05 до 19,3 шекерни единици 12 денари за килограм, а од 19,3 до 21,36 шекерна единица 13 денари за килограм. И тоа беше добро, ама не го испочитуваа тоа“, вели Дане Јошев, претседател на регионалното здружение Тиквешки лозароовоштари.

Од Тиквеш преку соопштение истакнаа дека ваквиот прекин бил предизвикан од според нив неколкумина поединци кои на насилнички начин го блокирале влезот на винарницата и со тоа им попречиле на над 200 вистински лозари да го предадат грозјето. Од Тиквеш велат дека нема да правеле никаков компромис со квалитетот на грозјето што го откупувале, затоа што од тоа зависел квалитетот на вината што ги произведувале. Од утрово Тиквеш започнал да откупува грозје според договорените цени, но од компанијата на лозарите им рекле дека од другата недела ќе се откупува само Вранец кој на мострите ќе покаже 23 шекерни единици.

„Да биле на мострите 23 шекерни единици, па така кога ќе го ставеле грозјето на вагата да не ги вракале назад лозарите, затоа што на вага под 21 шекерна едница немале да откупуваат, не му требало тоа. А тоа е многу тешко, кој лозар може да предвиди колку шеќерни единици има грозјето“, додаде

Со лозарите вчера излезе и градоначалниот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој денеска оствари повторно средба со лозарите, на која беа поканети и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, и сите околни градоначалници, но ниту еден претставник на министерството денеска не дојде на средбата.

„Да се почитуваат веќе објаввените и кажани цени од министерот, 13 денари за вранец и 11 денари за смедеревка, да се почитуваат шеќерните единици врз основа на објавениот ценовник од Тиквеш и од понеделник да започне континуиран откуп на грозјето за сортата вранец“, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Лозарите побараа од инспекторатот да излезе на терен и да се почитувата договорените цени, во спротивно се закануваат со штрајк пред Влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи