ВИДЕО – Хоџа: Некои политичари сакаат да профитираат на маката на лозарите – лозарите демантираат и велат дека државата не ги заштитува

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Одредени политичари и градоначалници сакаат да профитираат на маката на лозарите и да ја злоупотребат целата ситуација за да добијат ситни политички поени. Вака денеска министерот за земјоделство Аријанит Хоџа ги искоментира протестите на лозарите пред винаријата Тиквеш. Во среда закажал состанок со сите винарии за да се види колку од нив го почитуваат постигнатиот договор за откуп на грозјето, односно 11 денари за „смедеревката“ и 13 денари за „вранец“.

Поголемиот дел од винарските визби не ни започнале со откуп, поради тоа не е разбирливо за мене на самиот старт на откупот да се направи обид да се профитира политички врз грбот на лозарите. Додека јас го водам земјоделството тука политика нема да има. А жал ми е што одредени политичари, тоа се уште не го разбрале и се обидуваат да придобијат уште еден мандат сега за градоначалник на маката лозарите“, кажа Аријанит Хоџа, министер за земјоделство.

Лозарите пак се крајно револтирани на ваквите изјави на министерот и велат дека во протестите пред Тиквеш немало замешано никаква политика. Обвинија дека државата и инспекторатот воопшто не ги заштитувале од самоволието на винариите. Денеска во Кавадарци винариите од непознати причини го стопирале откупот. Лозарите обвинија дека и лани Тиквеш им го откупавал грозјето по 6-7 денари за килограм, а државата не ги обештетила. Бараат да се почитува одлуката за вранецот она грозје кое има од 18 до 19  шекерни единици за цената да биде 12 денари за килограм, а од 19 до 21 шеќерна единица 13 денари. Смедеревката пак да се плаќа по 11 денари. Оваа година од Тиквеш им понудиле по само 8 денари за грозје што е под 21 шеќерна единица, да им го откупат за дестилат, што ја прелило чашата за протестот.

„Ни понудија смешна цена. Ова грозје кое сега тие ни го враќаат до 21 шеќерна единица, од тоа ние вариме маџун и најквалитетно вино, а тие ни понудија цена од 8 денари и тоа грозје да го вареле за дестилат. Досега цената која беше договорена не се почитува, а винариите чекаат во среда да имало средба со Владата за да договореле некои нивни барања. Ние ќе видиме до утре, ако Владата не преземе ништо ние најверојатно ќе се организираме и ќе одиме на протести“, истакна Дане Јошев, претседател на регионалното здружение Тиквешки лозароовоштари

Дали ќе има нови протести или винариите ќе го испочитуваат претходно договорениот ценовник за грозјето ќе се знае во текот на наредните денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи