Заев: Не знам до каде е истрагата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот за здравство Венко Филипче.

„Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата“, рече Заев.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.

„Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна трагедија, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори“, истакна Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи