Земјоделците до Хоџа: Вие сте единствениот манипулатор за сите случувања, давате гаранции за нешта кои не ги исполнувате

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Господине Хоџа, зошто вие дозволувате да има незадоволство кај земјоделците и простор за манипулација? Зошто не обезбедите нормални услови за нормално функционирање на пазарот на земјоделски производи? Се вели во писмeната реакција која до нас ја упати основачот на здружението Тутунска надеж, Васко  Јосифоски.

„Зошто не си ја сработите работата за која што земате плата? Наместо да обвинувате други, земете, сработете нешто и релаксирајте ги односите помеѓу земјоделците и откупувачите. Вие сте единствениот манипулатор во сите овие случувања. Вие гарантирате нешта за кои не сте во состојба да ги остварите. Дали сте свесен дека вие сте убедливо најлошиот министер за земјоделие? Уште никој не ви кажал дека треба да поднесете неотповиклива оставка? Е па, време е господине министер“, вели во писмената реакција на Васко Јосифовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи