10 причини зошто да се запишете во Чин 4 Сцена 5

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Чин 4 Сцена 5 веќе 15 години претставува креативна основа за младите во Прилеп. Отворен е новиот уписен рок, па доколку ви треба причина повеќе зошто да го запишете вашето дете токму во Чин 4 Сцена 5, еве неколку:
1. Затоа што 15 години се грижиме за развојот на театарската уметност и писменост кај младите
2. Затоа што нашата програма е прилагодена според возраста – од креативни игри, сценски танци, креативно пишување, па до комплексни анализи на материјалот
3. Затоа што работиме со секое дете индивидуално – секое дете носи во себе различна магија, која треба да се открие
4. Затоа што во овие 15 години преку 1200 членови биле дел од нашето семејство
5. Затоа што нашите членови се запишуваат на драмските факултети со огромен процент на успешност
6. Затоа што ние сме ЕДИНСТВЕНИОТ легално регистриран приватен театар во градот, ако не и пошироко
7. Затоа што нашите програми се современи и ги следат модерните текови на театарското образование кај младите
8. Затоа што во нашиот репертоар се вбројуваат над 80 претстави, кои ги гледале над 120 000 луѓе
9. Затоа што ние не сме обично училиште – ние сме едно големо семејство
10. Затоа што театарската уметност и театарското образование се ЕДИНСТВЕНОТО нешто со кое што ние се занимаваме. Ние не сме дневен престој, ние сме училиште за театар!
Тренирај креативност и ти!
Запиши се во Чин 4 Сцена 5 уште денес!
Јави се на 075 412 545 и дознај повеќе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи