Европскиот воз си замина од Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Синоќа на железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз „Конектинг Европа Експрес“ кој е на петнеделна турнеја низ Европа во која ќе помине низ 26 држави и ќе посети повеќе од 100 градови со цел да се промовира железничкиот превоз во Европа.

Европскиот воз тргна на 2 септември од Лисабон за да пропатува низ 26 земји, преминувајќи 33 граници, изминувајќи ги маршрутите што ги поврзуваат земјите, бизнисите и луѓето низ Европа.

Скопје е еден од 100. градови каде што застана овој уникатен воз, кој претставува соработка меѓу Европската комисија и Заедницата на европски компании за железница и инфраструктура (ЦЕР), европските железнички оператори, инфраструктурните менаџери и многубројни други партнер.

Воедно, возот ги поврзува португалското, словенечкото и француското претседателство на Советот на Европската Унија.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој пристигна со овој воз од Белград каде учествуваше на Самитот посветен на развој на Железницата во земјите од Западен Балкан, рече дека „Европскиот воз“ како симбол на поврзаност на земјите, сам по себе говори за нашата стратешка визија да станеме полноправна членка на европското семејство.

„Возот претставува доказ за пријателството, одличната соработка што ја имаме со нашите партнери од ЕУ и доказ за поддршката што ни ја овозможуваат во развој и модернизација на транспортниот сообраќај“, посочи Бочварски.

Патувањето од 20.000 километри ќе заврши во Париз на 7 октомври, а во период од пет недели Европскиот воз ќе биде конференција во движење, лабораторија и форум за јавна дебата за тоа како железничкиот транспорт да стане вистински избор за патниците и за бизнисите. Ова се организира по повод 2021 година како Европска година на железницата и се одвива заедно со Европската недела на мобилност и Европската недела на спортот, кои промовираат зголемена активност, здрав начин на живот и употреба на мобилност со ниска или нулта емисија, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи