За прв пат во Прилеп – Светско првенство во прецизно слетување на спортскиот аеродром во Мало Коњари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


После кратката пауза поради летните одмори Инфо Регион започнува со својата нова сезона, а во оваа прва наша емисија гостин ни е врвниот прилепски спортист, прилепската и македонска гордост, параглајдеристот Мартин Јованоски, кој пред неколку дена беше прв на Светскиот куп во прелети во Турција, што само уште еднаш покажа дека е дел од светската елита во овој спорт. Со оваа победа Јованоски стана единствениот параглајдертист во светот кој успеал да освои прво место на Светски куп и во дисциплината прелети и во дисциплината прецизно слетување

Со Јованоски поразговаравме за неговата кариера, успесите, но и за тоа дека во октомври во Прилеп за прв пат ќе се одржи Светко првенство во прецизно слетување на спортскиот аеродром во Мало Коњари, каде што параглајдеристите ќе полетуваат на еден навистина интересен начин, од земја, а не да полетуваат од некоја околна планина.

Ќе слушнете и за тоа зошто државата не сака да оддели 10.000 евра за да се покријат сите трошоци за 4 наши параглајдеристи, меѓу кои е и Јованоски, за да може тие да како македонска репрезентација да бидат дел од Светското првенство кое треба да се одржи кон крајот на октомври во Аргентина.

Поразговараме и за тоа кои се перспективите за развој на овој спорт кај нас, како на спортски план, односно колку овој спорт е популарен кај младите, но и кои се перспективите за развој на параглајдинг туризмот во Македонија и што е она што на ова поле не очекува во иднина.

Погледнете повеќе во овој навистина интересен разговор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи