Симовски: Над половина милион граѓани попишани досега, пописот тече без проблеми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Заклучно со вчера до 20 часот, повеќе од 512 илјади лица, 158 илјади домаќинства и 212 илјади станови се попишани на Пописот 2021, беше соопштено на денешната пресконференција на директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Симовски нагласи дека Пописот 2021 се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и проблеми.

„Исклучително сме задоволни и од темпото и од работата на нашите попишувачи и се надеваме дека ваквото темпо ќе продолжи и понатаму и дека без никаков проблем ќе го завршиме Пописот во предвидениот рок. Точно е дека на самиот почеток имавме мали технички застои, кои се надминати. Еве веќе три дена по ред без никакви проблеми се спроведува попишувањето и интензитетот е исклучително задоволувачки“, рече Симовски.

Одбивањата на попишување се незначителни,но точна бројка за колку лица станува број Симовски очекува да добие денеска.

„Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат. Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга“, изјави Симовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи