Денеска пристигнува нова група бегалци од Авганистан

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нова група граѓани од Авганистан се очекува попладнево да пристигнат во земјата. Според информациите од Владата, тие ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје после 16 часот.

Ова ќе биде втора група Авганистанци кои ќе пристигнат во Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа талибанците.

Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи