Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот е разнишано, а нон-пејперот е балканска „ујдурма“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во гостувањето на „Утрински брифинг“ соопшти дека на покана на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис денеска заминува на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ во Солун.

„Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго и најдипломатски кажано е разнишано. Многу од граѓаните, па и владите на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и искрена кога зборува за европска перспектива на земјите од Балканот. Затоа ова ќе биде прилика да поразговараме на овие теми во Солун, градот каде е дадено ветувањето кон регионот“, изјави Димитров.

Димитров во врска со наводниот нон-пејпер за решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, кој пред неколку дена се појави во јавноста, вели дека е балканска ујдурма.

„Првиот впечаток ми беше, бидејќи сум гледал и многу нон-пејпери и документи, во англиската граматика, терминологијата и во суштинските тези, приодот кон проблемот на македонско-бугарските односи во последните две години е многу далеку од реалноста. Направив неколку телефонски разговори и јасно е дека некој прави некаква идеја. Сигурно претпоставува дека е од регионот, некој тука. Бугарија е пред избори, кај нас има локални, а можеби е и некаква домашна „ујдурма“ малку да се подзоврие таа тема, па малку и некој политички поен можеби, меѓутоа се тоа се шпекулации“, изјави Димитров.

За наводниот нон-пејпер се оградија и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и од Владата.

„Во врска со таканаречениот нон-пејпер, кој беше објавен денеска во медиумите, кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ. Ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина“, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи