Научниците сакаат да ги воскреснат мамутите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Десет илјади години откако волнестите мамути исчезнале од лицето на Земјата, научниците започнале со амбициозен проект за враќање на овие sверови во арктичката тундра, што сега го знаеме само од цртаниот филм „Ледено доба“ (храбриот мамут Мени).

За овој експерименент научниците обезбедиле средства, 15 милиони долари донирани од компанијата за бионаука и генетика Колосал, основана од Бен Лам, претприемач за технологија и софтвер и Џорџ Черчи, професор по генетика на Харвард.

Научниците имаат намера да создадат хибрид од слон и мамут со тоа што ќе направат ембриони во лабораторија кои имаат мамутска ДНК.Ако се оди според планот, научниците се надеваат дека ќе ги добијат првите младенчиња во следните шест години.

Научниците исто така веруваат дека стадо хибриди слонови-мамути во арктичката тундра би помогнало повторно да се воспостави деградираното живеалиште и да се забават последиците од климатската криза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи