Обука за права од социјална заштита за претставниците на мобилните тимови во рамките на проектот E-help

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес, во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа –Прилеп се одржа обука за пристап до права од социјална заштита за претставниците на мобилните тимови кои во наредниот период ќе ги посетуваат руралните средини на територијата на општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп со цел зголемување на пристапноста до информации за права од социјална заштита, како и пристап до социјални услуги.

Со поддршка на Австриското Министертсво за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи под водство на Verein LAG Regionalmanagement regio3, Австрија во наредниот период Мрежата на Локални Акциони Групи во соработка со ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп ќе имлементираат активности во рамките на проектот E-Help: Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување.

На денешната обука, поздравен говор имаше г-н Харалд Фугер, Аташе на Федералното Австриско министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Австрија во РСМакедонија. За идејата и активностите на проектот своја кратка презентација имаше г-н Стефан Ниедермосер, претставник на проектната организација од Австрија која е носител на овој проект.

 

Претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп го пренесе своето знаење и вештини од областа на социјална заштита стекнато низ значајно долгогодишно искуство, на учесниците на обуката. Тие имаа можност да се запознаат со правата од социјална заштита во нашата држава,  како и постапките, начинот, и условите за остварување на одредени права од областа на социјална заштита.

Ова е првата од серијалот на обуки насочени да ги зајакнат вештините на претставниците од мобилните тимови во обезбедувањето на пристап до информации и поддршка на социјално ранливи лица од руралните средини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи