Оставките на Филипче и Хасани се доставени до премиерот и архивирани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани, содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира исклучиво на фактите од истрагата, согласно, како што рече, утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Oчекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага“,  изјави Арсовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи