Петкоски: Партиските војничиња на СДСМ со притисоци и закани кон граѓаните како и ветувања за вработување само да се гласа за Сугарески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Иако кампањата формално се уште не е започната, СДСМ веќе активно води масовна и широка кампања, ставајќи ја во функција целокупната своја партиска машинерија. Меѓутоа, нивната кампања не ја водат само партиските „војничиња“, туку за потребите на Сугарески и СДСМ незаконски се ангажирани и државните и општинските институции. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Овие денови партиски војници на СДСМ, кои претходно беа наградени со работни места во општинските и државните институции, целосно се ставени во служба на Сугарески и СДСМ. Основна нивна задача е „милум“ или „силум“ да ги убедат прилепчани да го дадат својот глас за нивниот кандидат и нивната партија. Па така, на граѓаните им се ветувани пари, права (социјални, еднократни, детски додатоци, неги, пензии), работни места и што уште не, но некаде паѓаат и закани, само за да гласаат за нивните.

Секој ден до ВМРО ДПМНЕ стигнуваат информации, но и жалби од страна на граѓаните за злоупотребите, притисоците и заканите на овие партиски војничиња на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ има конкретни и сериозни докази за ваквата практика на злоупотреба на општинските и државните институции за партиските цели на Сугарески и СДСМ. Сите наши докази во наредниот период ќе им бидат проследени на надлежните судски органи, но и на неутралните набљудувачи на изборниот процес со цел да биде забележана злоупотребата што се прави од страна на власта.

Сето ова покажува дека се води и ќе се води валкана кампања. Овие избори уште сега можат да се опишат како нефер, недемократски и неслободни. Ова однесување на Сугарески и СДСМ, исто така покажува дека тие се наоѓаат во состојба на паника. Тие се во паника затоа што знаат дека им следува голем пораз. А поразот за нив значи прво, губење на власта во Прилеп, но и во Македонија, а потоа и соочување со одговорност за нивните не-дела. А кога „кожата“ е во прашање, гледаме дека се е дозволено.

Затоа, почитувани сограѓани, во наредниот период доколку било кој од СДСМ дојди и ви понуди било што, слободно прифатете, земете се што ви се нуди. Но, на 17 октомври зад параваните само вие знаете за кого ќе гласате. Тука СДСМ не ви може ништо.

На 17 октомври само вие можете да ставите крај на ваквото мафијашко однесување на СДСМ, само вие можете да ставите крај на недомаќинското, расипничкото и криминалното владеење на СДСМ. Само вие, почитувани сограѓани можете повторно да го вратите Прилеп во рацете на одговорни, компетентни и посветени лица, а такви лица нема во политичката понуда на СДСМ.

Од вас, почитувани сограѓани ќе зависи дали и во наредните четири години Прилеп ќе продолжи да живее во темнината на бесперспективноста што ја нуди СДСМ или ќе доживее повторна преродба што ја нуди ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ во минатото покажа како се гради град, како се гради општина, како се гради држава. ВМРО ДПМНЕ е посветен за обезбедување на благосостојба на Прилеп и неговите жители“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи