Се работи на резервоар за вода во с. Пресил

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во тек се подготвителните активности за изградба на резервоар за вода с. Пресил, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски беше на увид во работите.

„Денес разговараме за решенија и решавање на долгогодишните проблеми со недостаток на вода за пиење кои ги тиштат моите сограѓани од ова населено место. Зборот „ќе градиме“ го заменуваме со “веќе градиме“ едно поинакво, поубаво Крушево“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи по посетата на населеното место Пресил.

Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот, кој беше потпишан на 29-ти јули, чини 2.122.272 денари.

Истовремено, се работи на резервоар за вода во с. Јакреново, а претходно се изградија резервоари во населените места Борино и Белушино.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи