Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата на вчерашната седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември.

Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење од 14 дена, додека онлајн настава имаше и во Кичево и Струга, во траење од 7 дена.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Тетово изнесува 1.090, додека бројот на активни случаи во Гостивар е 629.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи