Филипче: Вирусот има широка инфекција, ја следиме ситуацијата и ако е потребно ќе има нови мерки

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Венко Филипче утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, на кои било разговaрано за најновата ситуација со коронавирусот, како и за очекувањата во следниот период.

Министерот за здравство извести дека во моментов низ ковид болниците има доволно кревети, и дека во следниот период може да дојде до зголемување на потребата на хоспитализации.

„Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме“, напиша Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи