ВИДЕО – Бидете и вие дел од ИО „Феникс“, станете храбри, прифатете ги предизвиците и остварете ги соништата


Интервју со Ана Плетварец, член на старешинството на Сојуз на извидници на Македонија, Марија Мургоска, водач ИО „Феникс, Матео Петкоски, водач ИО „Феникс“ и Андреј Димитриоски, водач ИО „Феникс“.

 Ана Плетварец, член на старешинството на Сојуз на извидници на Македонија

 Што е ФЕНИКС? 

За гледачите кои можеби не заборавиле да се потсетиме дека Извидничкиот одред „Феникс“ е организација  за деца и млади која што дејствува на локално ниво во Прилеп. И мисијата на ИО „Феникс“ е да придонесе во неформланото образование на децата и младите преку систем на извиднички вредности, за да тие се чувствиваат по самоиполнети како индивидуи и секако да имаат конструктивна улога во општеството.

Заради пандемијата, забележавме дека младите се повеќе сакаат да се вклучуваат во надворешни активности. Какво е вашето искуство, дали младите покажуваат поголем интерес за извидништвото?

Како што се случи пандемијата младите се повеќе почнаа да излегуваат надвор, да се дружат на отворено, во природа и со тоа се зголеми кај децата ии кај младите да доѓаат на извидници. Бидејќи нашите активности се претежно на отворено. И со тоа забележуваме пораст во извидништвото, не само во Прилеп туку и во другите градови имаме голем број на заинтересирани млади коии сакаат да станат дел од нашите извиднички одреди.

Во јули се организираше и школата за водачи. Колку учесници од Феникс беа таму?

Во јули оваа година имавме школа за водачи, нашиот одред имаше тројца претставници кои што се спремни да станат водачи од новата учебна година и исто така учествуваше со 2 тренери, односно ментори, кои беа дел од тимот кој ги држеше сесиите и ги менторираа овие млади деца кои што сакаат да бидат водачи и ги насочуваа во нивниот пат за секако нашата организација да порасне, да земат и тие нови деца и да го пренесат своето знаење.

По две долги години чекање, ова лето во Охрид се вративте на традицијата за организирање на летен камп со над 200 учесници. Кажи ни повеќе за кампот, која беше целта и кои активности ги имаше таму во природа…

Во 2019 година го имавме последниот летен камп пред овој годинава. Во 2020 поради пандемијата немаше услови да се организира кампот. И годинава во месец август се организираше летниот камп кој е една од највозбудливите активности во текот на годината за сите извидници. Со рекордни повеќе од 200 учесници. 7 дена поминавме во извидничкиот центар во Охрид. Таму имавме најразлични активности, како спортски активности, зумба, кунг фу, талент шоуа, водени лудори итн. Но една многу интересна работа за летниот камп е тоа што целата програма ја водеа токму оние млади луѓе кои беа учесниции во школата за водачи. Така што летниот камп дојде како пракса за нив, за да од септември бидат спремни за да ги водат новите патроли во нивните одреди.

 

Марија Мургоска, водач ИО „Феникс“

 Што значи улогата на извиднички водач?

Улогата на водачот во извидници е да ги поттикне младите да веруваат повеќе во себеси, исто така и да ги пренесе своите знаења и искуства и да му помогне на младите да се снаоѓаат полесно во природа. Најважно е тој да биде одговорен, да ги пренесува своиите знаења на децата, исто така и ги поттикнува да се градат себеси како индивидуи и да работат повеќе како дел од група.

Од каде идејата за да станете млади водачи и како си поминавте на школата за водачи?  

Идејата за да станам водач доаѓа токму од моите водачи, кои несебично работеа со нас. И не доведоа до местото каде што сме сега, односно ние да ја преземеме нивната работа. Тие ни беа идоли и порадии нив се одлучив да го пренесам моето знаење и со тоа да вратам на Одредот и на Сојузот истовремено. Школата за водачи беше настан кој едноставно не може да се долови со зборови. Тоа мора да се искуси. На школата се надоградивме и ние како индивидуи. Се стекнавме со нови знаења, нови вештини кои ќе ги примениме од октомври со новите патроли. Исто така се запознавме со многу нови личности кои станаа дел од нашиот живот и им препоррачувам на сите кои не гледаат моментално, да дојдат, да искусат, затоа што извидништвото е нешто кое што не може да се опише со зборови. Туку мора да се проба.

 

Матео Петкоски, водач ИО „Феникс“

Дали сметате дека вештините со кои се стекнавте на школата за водичи ќе ви бидат од корист за понатаму за мисијата како водачи?

Да, бидејќи нашите ментори кои што ни ги водеа сесиите за време на школата за водачи ни кажаа дека треба да бидеме одговорни водачи, бидејќи сепак работата на водачот не е лесна и не е едноставна, оти сепак тие треба да докажат како треба да бидат тие.

Освен дружењето во природа, која ви е омилена активност од извидничките акции?

Омилени активности ми се спиење во шатори, седење покрај логорски оган и планинарење.

 

Андреј Димитриоски, водач ИО „Феникс“

 Која е основната извидничка опрема?

Според мене извидчиката опрема може да се подели на 2 вида на опрема, лична и колективна. Под лична опрема може да се каже дека спаѓаат марамата, кошулата, прибор за лична хигиена и слично. А под колективна опрема исто така се подразбита шатор ии некои други елементи кои ни се потребни за еден камп да биде онака како што е замислен и како што треба.

Кои вредности ги учи еден извидник?

Еден извидник ги учи вредностите да биди храбар, да биде чесен, да има почит кон постарите, да помага на некого, да учествува во некои акции со што тој би помогнал на природата и светот.

Ако би имале бесконечна моќ, што би промениле во Македонија и во светот?

Доколку би имал бесконечна моќ јас би променил во светот да нема дискриминација, да нема поделба на вера, раса, боја на кожа, пол и слично. Туку сите да се сакаат еден со друг и сите да си помагаат еден со друг. А во Македонија би променил со тоа што луѓето повеќе би дознале за извидниците, повеќе да ја ценат природата и слично.

 

Ана Плетварец, член на старешинството на Сојуз на извидници на Македонија

Дали има најава за некоја нова активност или што следи?

Во текот на месец септември извидничкиот одред  „Феникс“ врши уписи, така што тоа ни е најголемата месечна активност сега, но исто така продолжуваме и со други активности, имаме тековни активности како што се кампови, исто така имаме месечни активности, активности на отворено и за новите извидници секако спремаме изненадувања од 1 октомvри па натаму.

Што ќе им порачате на младите? Зошто треба да изберат да бидат извидници?

Би им препорачала на сите деца и млади да станат извидници, мене тоа ми го промени животот, ме научи да бидам посамостојна, да носам одлуки сама, да не се двоумам, да чекорам храбро и секогаш да ги прифаќам предизвиците и би им препорачала на сите деца и млади да не се откажуваат од своите соништа и да веруваат дека ќе успеат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи