21 дете и 51 вработен во градинките низ Македонија се позитивни на ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дваесет и едно дете од различни градинки во Македонија се позитивни на коронавирусот, додека пак 51 позитивни има од редовите на негувателките, воспитувачките и останатиот персонал, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„Сега не одат во изолација цели класови во училиштата или групи во градинките. По проценка на епидемиолог се носи одлука кои деца ќе бидат ставени во изолација доколку едно дете е позитивно на ковид-19. Исто така, доколку родителите на позитивното дете се вакцинирани со две дози или имаат природен имунитет, тие не одат во изолација, но доколку не се вакцинирани или немаат прележано, оди во изолација цело семејство. Додека пак, во изолација не одат родителите на децата кои биле контакти со заболеното дете. Идејата е сите да бидат заштитени, но училиштата и градинките да продолжат да функционираат, изјави директорот на Центарот за јавно здравје, Бесим Зеќири за „Слободен печат“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи