Се продаваат 13 возила од филмот „Mad Max”

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Флота од 13 каскадерски возила од филмот „Mad Mad Fury Road“, добитник на Оскар во 2015 година, е понудена на продажба преку аукција. Круна на колекцијата е купето Форд Фалкон ХБ од 1973 година, попознато кај фановите како The Interceptor.

Возилата нема да излезат на отворена аукција, туку ќе се продаваат по пат на приватни преговори. Понудите во моментов се отворени преку Интернет, со рок до 26 септември.

Претходно оваа година, новиот филм „Mad Max“ беше потврден за објавување во 2023 година, а Крис Хемсворт,  треба да го глуми главниот лик. Според медиумите, тоа ќе биде „најголемиот филм некогаш снимен во Нов Јужен Велс“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи