Сите 44 пристигнати Авганистанци се негативни на ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Втората група на Авганистанци што пристигна вчера на скопскиот аеродром е негативна на тестирањето за коронавирус, соопштуваат од Владата.

Во текот на вчерашниот ден, вкупно пристигнаа 44 граѓани од Авганистан, односно од организацијата Тиркиз моунтејн (Тurquoise Мountаin). Овие лица се активисти на оваа организација, но меѓу нив има и членови на нивните семејства.

Организацијата е основана во 2006 година од Принцот Чарлс. Инаку организацијата Тurquoise Мountаin е меѓународна организација со хумана мисија која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан. Дополнително, сакаме да истакнеме дека оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси воо Авганистан, Мјанмар, и други активности.

Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до крајна нивна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации, информираа вчера од „Илинденска бб“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи