Швајцарија ќе прима само вакцинирани – и Белгија и Австрија со нови правила за влез

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за надворешни работи информира дека Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови ковид правила за патници кои влегуваат во нивните земји.

Нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар, додека за тие што патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, освен ако се приложи доказ за извршена целосна вакцинација или за прележаност на болеста.

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (условот за поседување на негативен тест (пцр или антиген), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во швајцарската конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на швајцарската федерална канцеларија за јавно здравје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи