Индивидуалните спортови иако со повеќе меѓународни успеси и медали не се соодветно поддржани од државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наша гостинка во ова издание на Инфо Регион е Маријана Ѓорѓиевска, високогорец, една од двете жени во Македонија која ги има искачено трите сумити, трите највисоки врвови на Европа, Јужна Америка и Африка, односно врвовите Елбрус, Аконкагва и Килиманџаро. Минатиот месец таа се искачи и на највисокиот врв во Турција, Арарат, кој се наоѓа во Азискиот дел на оваа држава.

Вкупно се 7 сумити, на сите 7 континенти. Три се искачени, остануваат 4. Ѓорѓиевска во ова интервју открива дали наскоро се подготвува и искачување на 4 највисок врв на некој континент. Со неа поразговаравме и за тоа што се е потребно за да може да се организира една експедиција во странство и како се финансираат спортистите како неа во другите држави од светот.

За жал индивидуалните спортови кај нас не се соодветно поддржани од државата иако носат повеќе медали и меѓународни успеси од екипните спортови. Па затоа голем дел од овие спортисти за да учествуваат на некои натпревари надвор од Македонија мора да бараат средства кај приватниот сектор или пак да прошуштат натпревари во странство поради немање финансии.

Со Ѓорѓиевска поразговаравме и за тоа колку е актуелно во овој момент планинарењето кај нас, но и за тоа каде се гледа себеси во иднина.

Повеќе погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи