Од следната година и матичните лекари ќе закажуваат прегледи кои ги закажуваа специјалистите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во јануари или февруари идната година во целот ќе се смени системот – и матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите.

„Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и  со дел од УО на Лекарската комора каде членуваат матичните лекари.

Начелно договоривме менување на моделот – не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат прегледи кои сега не можат да ги закажуваат.

Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруари кога сите апарати ќе бидат инсталирани, тогаш моделот целосно ќе се воспостави“, информира Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи