Османи: Македонија вчера ја прими донацијата од над 50 000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

„Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи