Симовски: До утре очекуваме да бидат попишани милион граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пописот на населението, домаќинствата и становите на целата територија на државата се одвива со посакуваниот интензитет, без проблеми и убедени сме дека успешно ќе заврши во планираниот рок, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој денеска престојуваше во Дебар.

„До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција“, рече Симовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи