Статистика за вакцини: Вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Прва доза вакцина во средата и во текот на вчерашниот ден примиле 3.407 граѓани, а вкупно се вакцинирале 22.581 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините, велат од Министерството за здравство, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација, нагласуваат, се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи