Томшиќ од МОН:Ги повикувам родителите да ги поттикнуваат учениците место да играат видео игри, да ги користат дигиталните уреди за учење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Она што треба сите да го знаеме кога зборуваме за новата Концепција, конкретно во случајот за четврто одделение, е тоа дека учебникот не е единствениот извор на стекнување на знаењата. Не зависно дали се користат дигитални или печатени учебници во фокусот на наставата треба да е интеракцијата помеѓу наставникот и ученикот, настава со истражување, дискусија и креативно и критичко размислување, бидејќи само на овој начин можеме да постигнеме подобри резултати. Тоа е и целта на новата Концепција учење со разбирање, а не меморирање на факти. Ова го истакна Душан Томшиќ советник во Министерството за образование и наука во гостување во утринската програма на Сител ТВ.

Томшиќ ги повика родителите да ги поттикнуваат учениците да ги користат дигиталните материјали за учење затоа што таму има интересни интерактивни содржини, квизови и видеа кои низ игра го поттикнуваат учењето кај децата.

„Сите ние знаеме дека децата поголемиот дел од денот го поминуваат пред компјутери играјќи видео игри кои не се продуктивни, затоа би било добро, дел од ова време учениците да го поминат во пролистување на содржините на дигиталните учебници, со што ќе го повтруваат она што било предавано на часовите, но и на интересен и креативен начин ќе се стекнат со нови знаења“, рече Томшиќ.

Томшиќ истакна дека Концепцијата успешно се спроведува во сите училишта во државата.

„Од она што го добиваме како информации директно од терен од наставниците, учениците и директорите на  училиштата за сега  реформата се спроведува спроед предвидената динамика и планот, без никакви потешкотии. Училиштата навреме ги добија потребните интерактивни табли, нагледни средства и дидактика кои се предвидени со наставната програма. Исто така учениците навреме ги добија учебниците. Преку апликација се спуштени на нивните уреди“, рече Томшиќ.

Томшиќ посочи дека за децата кои се социјално ранливи семејства покрај општините МОН обезбеди 10.000 таблети кои им се даваат на користење, со цел на секое дете да му обезбедиме пристап до новите технологии и практикување на дигитални содржини, бидејќи тоа е реалноста. Исто така, МОН испечати 20% од тиражот на учебниците за 4 одделение и тие се доставени до училишните библиотеки. Овие учебници во печатена форма се наменети за учениците кои за жал немаат електрична енергија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи