Филипче: Над 90 % од починатите се невакцинирани, се размислува и за задолжителна вакцинација како во другите земји

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција извести за состојбата со корона вирусот во Македонија.

„Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани“, истакна Филипче.

По најавите дека сите вработени во државната администрација во Словенија кои немаат имунитет на корона, стекнат со вакцинација или прележување, ќе мора да се вакцинираат против ковид-19, Филипче со комнетар дека иако е рано, се размислува за задолжителна вакцинација и кај нас.

„Во однос на задолжителната вакцинација, рано е. Сепак многу земји не ја исклучуваат таквата можно, па размислуваме и ние да ја имплементираме, иако сегашните мерки покажуваат резултати. Нема притисок во болниците каде вакцинацијата е голема. Граѓаните да ја сфатат важноста на процесот на вакцинација“, порачува Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи