Филипче: Од октомври влез во затворено со сертификат за две примени вакцини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека во болниците има доволно слободни кревети за хоспитализација на заразени од корона вирус.

„Во некои градови се намалува бројот на пациенти. Во однос на новодијагностицираните во изминатите денови се бележи едно плато, односно ист бројот на новозаразени. Тешко е да се каже дали ова ќе продолжи. Се прави детална анализа во Институтот за јавно здравје која ќе биде индикатор за нови дополнителни мерки“, рече Филипче.

Филипче најави дека во октомври ќе биде предложена мерка за барање сертификат за целосна имунизација, односно примени две дози вакцини.

„Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица“, најави Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи