Фрчковски: Две ембарга не не фрлија на колена, учиме демократија во земја што не била демократска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски, кој беше и поранешен министер и за внатрешни и за надворешни работи, на дебатата во Владата посветена на 30 години независност „Патот до независноста“, осврнувајќи се на периодот непосредно по прогласувањето независност, рече дека во такви историски моменти на промена, најважна работа е важноста на одговорноста на политичките елити во тие моменти.

„Најважната работа е важноста на одговорноста на политичките елити во такви моменти на промена. Во транзициските земји независно од ефуоријата на народот, тежината на политичките елити има посебна важност. Одговорноста на политичките елити во Македонија тогаш беше значајна и кај македонскиот и кај албанскиот блок и тоа изведе една операција која е ретка за една мала држава која првпат беше независна, која не постоеше во диломатската меморија во светот, бевме тотално оставени во тој прв период сами на себе, иако имавме стратешки партнери“, рече Фчковски.

Тоа, оцени тој, за земја на крстосница значеше дека или ја контролирате вашата држава, или ќе ве поделат.

„Во такви околности, без армија, со меѓуетнички односи какви што имавме и со отворени односи со сите соседи, и странци не можеа да разберат зашто војна во Македонија во тој период не изби. Истовремено имате период на исклучителен мир, инклузија на Албанците со сите проблеми со нив, тоа беше значаен и суштествен дел на процесот. Македонија прво се обиде да научи раскинување со Југославија, односно со Србија, тоа го учевме во тој момент. Второто прашање беше новото поставување на албанската заедница во Македонија“, истакна тој.

Третата тема која ја учевме, продолжи Фрчковски, е борбата со идентиските прашања со Грција и со Бугарија.

„Посебно со Грција беше жестоко, издржавме две блокади со Грција, единствено отворена граница беше со Бугарија, две ембарга да не ве фрлат на колена, државата и во тие услови добива силна самодоверба. И нормално учење геостратегија на мала земја, наоѓање стратешки партнери, начинот на којшто играте по правилата во меѓународните односи, учите демократија во една земја што не била демократска и која нема демократска традиција“, заклучи Фрчковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи