Германска фабрика за играчки создаде плишано мече во чест на канцеларката Ангела Меркел

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Германски производител на играчки претстави плишано мече создадено во чест на времето на Ангела Меркел. Канцеларката поднесе оставка на крајот на оваа година, откако служеше 16 години како шеф на германската влада.

Херман-Шпилверен, лоциран во баварскиот град Кобург, ја претставу 40-сантиметри високата играчка која наликува на канцеларката. Мечето носи фризура слична на госпоѓа Меркел, додека шепите можат да се преклопат за да го повторат легендарниот гест со рацете.

„Се обидуваме да изразиме моменти од современата историја во мечиња како форма на уметност“, рече Мартин Херман, директор на една од најстарите светски фабрики за плишани мечиња, цитирани од германскиот весник „Билд“.

Меѓу другите истакнати личности кои се појавија како плишани мечиња се поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешниот канцелар на Германија Хелмут Шмит и британската кралица Елизабета Втора.

101-годишното семејно претпријатие ќе произведе 500 мечиња Меркел во ограничено издание, по цена од 189 евра, а 16-то ќе и биде испратено на Меркел, како референца за бројот на години поминати на чело на Германија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи