Заев: Извештајот од германските експерти треба да биде доставен за 10 до 15 денови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Извештајот на германските експерти за пожарот во ковид-центарот во Клиничката болницата во Тетово, според информациите од Министерството за внатрешни работи, ќе биде доставен во некој рок од 10 до 15 дена, а нашите извештаи јас очекувам многу брзо да бидат готови, изјави премиерот Зоран Заев.

Времето, посочи Заев, е важно бидејќи граѓаните бараат одговор, но не би сакал никако да избрзуваме.

„Не само заради тоа што јас ги чекам одговорите за да дадам свој став по повод поднесените четири оставки, поважно е тоа што граѓаните бараат одговор, што всушност се случило, кои се причините или слично, така што јас лично ако прашате како премиер кога очекувам – очекувам до крајот на оваа недела да излезат извештаите. А, дали ќе биде така или не најверојатно за тоа ќе каже републичкиот обвинител и надлежниот обвинител“, рече Заев.

Заев рече дека го разбира гневот и болката која е голема кај сите, но дека не може едноставно да се разрешуваат министри, Влада, Парламент, па дури и цел народ заради оваа болка.

„Мораме да водиме грижа прво, за суштината и причините на тоа што се случило. Второ, мора да знаете што после тоа. Ќе учите, некој уште шест месеци да навлезе, да менаџира со короната, со болницата во Тетово, со секој соодветно? Мора да ги дадете соодветно одговорите. Кога ги давате соодветно одговорите мора да ги имате влезните информации до крај за да можете како премиер да го кажете својот став. Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што ќе си дадеме оставки сите, ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката само да се вратат овие луѓе, а тоа е невозможно“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи