Повеќе од 18.000 студенти добија субвенции за оброк

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вкупно 21.693 апликации пристигнаа во рамки на првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 1ви до 30ти август, а беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Истите се разгледани од страна на надлежната комисија во рамки на Министерството за образование и наука и донесени се соодветни решенија, согласно кои прифатени се 18.149 апликации.

На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а истото може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации“) и да се преземе од таму.  За било какви прашања и дополнителни информации студентите можат да се обратат на електронските адреси:  qenan.sali@mon.gov.mk; nese.mustafa@mon.gov.mk и rahime.memedi@mon.gov.mk

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк започнува на 1 октомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние кои не успеаa да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи