Шахпаска апелира пратениците да го усвојат законското решение за недела да биде неработен ден

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска апелираше пратениците што поскоро да го донесат законското решение за недела да биде неработен ден, што би требало да почне да се применува од 1 октомври.

„Апелирам до пратениците, затоа што работниците се нашиот најголем човечки капитал да се погрижиме да им овозможиме да се воспостави баланс меѓу приватниот и професионалниот живот“, рече министерката Шахпаска.

Измените предвидуваат дека во оние дејности каде што работниот процес е од таква природа што не може да се прави прекин поради техничко-технолошкиот процес, ден за одмор ќе биде друг ден во неделата. Исто така, на работниците кои работеле во недела ќе треба да им се даде и додаток на плата од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа во недела, во случај кога законот или колективниот договор не предвидуваат повисок додаток.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи