Големи штети од еруптираниот вулкан на Ла Палма, лавата голта куќи на Канарските острови, илјадници евакуирани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вулканската ерупција на канарскиот остров Ла Палма, која припаѓа на Шпанија, предизвикува сѐ поголеми штети. Досега, од екстремно жешката лава се уништени повеќе од 160 објекти а прекриени 100 хектари земјиште, уништени училишта, патишта, лозја, евакуирани се околу 6.000 граѓани, а се претпоставува дека тој број ќе се зголеми на 10.000.

Појавата на уште еден отвор од кој избива лава во зоната Таканде во општината Ел Пасо доведе до евакуација на населението, напиша синоќа на Твитер службата за итна помош на островот.

Вулканот на шпанскиот остров Ла Палма во Атланскиот океан во неделата се активираше по 7 дена сѐ посилни сеизмички активности. Лава изби на ново место на вулканот Кубре Вијеха по еден потрес со магнитуда 4,1 забележан во 21.32 часот синоќа по локално време, наведе Вулканолошкиот институт на Канарските острови.

Избивањето на лавата од вулканот забавило утрината и лавата сѐ уште не стигнала до океанот, иако според првичните предвидувања требала да стигне уште ноќеска.

Вулканот исфрла столбови дим високи повеќе стотици метри и меѓу 8.000 и 10.500 тони сулфурен диоксид на ден, но сепак воздушниот простор не е затворен.

Ова е прва ерупција на вулканот Кумбре Вијеха на овој остров со 85.000 жители од 1971 година. Иако во ерупцијата нема жртви таа предизвика голема штета, текот на лавата запали вегетација, ги прекри патиштата и уништи стотици куќи.

Експертите и властите на Канарските Острови, каде што еруптираше вулканот, се загрижени од опасноста дека при контакт на лавата, која се слева кон морето, со водата ќе создаде токсичен облак. Научниците велат дека кога лава со температура од околу 1.000 степени ќе стигне до морето, експлодира водена пареа, што генерира густ бел облак кој содржи хлор, што може да ги иритира кожата, очите и респираторниот тракт.

Исто така, се верува дека вулканска ерупција може да трае со недели, па дури и месеци.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи