Заев со честитка по повод Меѓународниот ден на мирот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.

„Човештвото денес е исправено пред други битки. Борбата за целосно справување со пандемијата со КОВИД-19, или за спречување на нејзино проширување, е и битка за трансформацијата на светот во заедница на народи еднакви во користењето на ресурсите и придобивките на хуманоста. Инклузивен свет заснован на почитта кон секој поединец и кон секоја заедница.

Мирот се слави и се негува низ дијалог, со сочувство, љубезност и надеж, и со тие вредности секој од нас треба да знае дека може да биде дел од решенијата за мир и помирување“, напиша Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи