Превентивни мерки од СВР Битола во пресрет на ловечката сезона од 1. ноември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


СВР Битола ги соопшти превентивните мерки во пресрет на ловечката сезона која почнува на 1 ноември, период во кој се случуваат несреќи за време на лов.

„Кога се оди на лов, или се преминува на друго место, како и престојување во затворена просторија, движење со возило и слично, оружјето да биде испразнето и прекршено. Ловечкото оружје да се полни на даден знак на водачот на групата, односно со негова дозвола да започнува и завршува ловењето. Оружјето никогаш не смее да биде свртено кон другиот учесник во ловот и да не се пука во дивеч кој се движи во правец на другиот учесник во ловот, бидејќи преставува непосредна опасност по неговиот живот. Ловецот кој учествува во ловот, должен е да остане во групата и не смее да го напушта ловот без дозвола на водачот на групата“, потсетуваат од СВР-Битола.

За безбеден лов на дивеч, секој ловџија или сите учесници во ловот, задолжително на себе да има определени ознаки (капа, елек или јакна во боја) заради лична безбедност и да не се консумира алкохол пред и за време на ловење.

Според Кривичниот законик, незаконитиот лов е забранет и не смее да се лови за време на ловостој, и единствено може да се лови од 1. Ноември кога официјално почнува ловната сезона на дивеч, информираа од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи