Филипче: Можам да кажам дека без НАТО не би можеле да управуваме со кризата и лекувањето во болниците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, смета министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во денешното обраќање на Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК), ја потенцирав важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата. Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите.

Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците“, напиша тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи