Османи: Двајца дипломати не го поминале ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат

Facebook
Twitter
Email
Print


Бујар Османи, министерот за надворешни работи, ги соопшти првичните резултати од почетокот на ветингот на дипломатите во МНР и на две лица од нив ќе им биде раскинат работниот договор затоа што немаат безбедносен сертификат од безбедносните служби.

„На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. За причините за одбивањето не добив образложение, а започната е и процедура за прекинување на работниот однос. Друго лице користело несоодветен сертификат. И тој не го поминува првичниот ветинг и за него следува прекин за работниот однос. Со тоа може да се заклучи дека две лица не го поминаа ветингот“, рече Османи на денешната прес-конференција.

Шефот на македонската дипломатија рече дека тоа не е групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.

Тој додаде дека се прават темелни проверки за дополнителни шест лица, кои не побарале обнова навремено и имаат истечени сертификати.

„На нив ќе им биде ограничен пристапот до куќата, но не се одбиени и имаат рок од 7 дена да побараат соодветна сертификација“, рече Османи.

Од аспект на поширокиот пристап до безбедносни сертификати за вработени, на околу 500 вработени во постапка им е сертификација и има вкупно 116 вработени кои што навремено поднеле барање за обновување на безбедносните сертификати. Инаку правило е шест месеци пред истекување на сертификатот да се аплицира со цел да нема простор за тоа дали има вработениот безбедносен сертификат.

„Овие 116 апликанти за безбедносни сертификати сеуште чекаат одговор од надлежните институции. Со оглед на доцнењето на одговорот помеѓу овие 116 се ноѓаат 61 чии безбедносни сертификати се истечени, а додека на останатите 55 вработени наскоро им истекува. Со оглед на фактот што овие вработени навремено ги имаат поднесено барањата за продолжување на важноста на продолжување на безбедносниот сертификат и во меѓувреме не се одбиени од страна на безбедносните служби тие претставуваат безбедносно сигурни врбаотени и слободно може да ги извршуваат своите обврски во рамки на МНР“, изјави Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи