Секој вторник ќе се лета од Санкт Петербург до Скопје и обратно

Facebook
Twitter
Email
Print


Со пристигнување на првиот лет од аеродромот Пулково на Меѓународниот аеродром Скопје вчера и официјално е воспоставена директната авиолинија Санкт Петербург – Скопје.

Авиолинијата на која ќе сообраќа руската компанија „Нордвинд“ е предвидено да биде еднаш неделно, секој вторник, со време на пристигнување во 13:35 часот и време на заминување во 14:40. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

Овој распоред ќе важи до крајот на октомври, кога завршува летната сезона, а од 2 ноември годинава пристигнувањето на Скопскиот аеродром ќе биде во 15:45, додека времето на заминување кон Пулково во 16:45.

„Оваа воздушна конекција од Скопје до Санкт Петербург се воспоставува првпат во историјата на македонските аеродроми. Веруваме дека македонските патници ќе ја искористат можноста да го откријат историското и културното наследство на ова прекрасно пристаниште на Балтичкото Море, поранешна царска престолнина на Русија опишана во руската литература. Во исто време, граѓаните на Санкт Петербург за само три часа и 25 минути ќе можат да уживаат во убавините на Македонија и соседните држави“, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Според директорот за приходи во Нордвинг ерлаинс, Ибрахим Јилдиз, ова е втора директна линија по воспоставувањето на авиоврската Скопје – Москва во јуни годинава.

На скопскиот Меѓународен аеродром моментално има летови кон 39 дестинации во Европа и светот, а на охридскиот кон 10 дестинации, но, како што подвлече министерот, се работи на зголемување на оваа бројка.

„Нордвинд ерлајнс“ е една од најдобрите седум руски компании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации. Врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред пандемијата „Нордвинд ерлајнс“ транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас“ и „Боинг“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи