Заев: Во историските учебници ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На новинарско прашање дали според договорот со Бугарија ќе се менуваат учебниците по историја, премиерот Зоран Заев кажа дека нема да се менуваат учебниците по историја, но ќе се менуваат термини, односно ќе се брише називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“.

„Се зборува за термини каде што називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спреми се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за опредена определба“, кажа Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи