Петкоски: Кривична за градоначалникот Јованоски – ја оштетил општината 18.000 евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со донација на патничко моторно возило марка Мерцедес, поради основи на сомнение за сторени кривични дела од член 353 од Кривичниот законик, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Влатко Петкоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава!

Почитувани,
Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со донација на патничко моторно возило марка Мерцедес, поради основи на сомнение за сторени кривични дела од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, Општината застапувана од градоначалникот Илија Јованоски, уште во 2018 година склучила договор за донација, во кој договор Општина Прилеп се јавува како примател на донацијата, додека едно здружение се јавува како давател на донацијата и тоа патничко моторно возило марка Мерцедес, тогаш проценето приближно на 18.000 евра.

Во врска со оваа донација, преземени се сите процедурални дејствија за реализација на донацијата, освен најважното, запишување на сопственоста и преземање на владението на донираното возило во корист на општината.

После вака преземените дејствија, несомнено Илија Јованоски, требало да ги допревземе останатите дејствија преку кои возилото Мерцедес, ќе го преземе во владение и ќе го запише како сопственост на Општина Прилеп. На овој начин имотот на Општина Прилеп, останал помал за ПМВ Мерцедес, односно за околу 18.000 евра, колку што самиот донатор кажал дека вреди ова возило во моментот на донацијата.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, во најбрз рок да ги провери наводите во кривичната пријава, и после комплетирање на доказите и целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против градоначалникот Илија Јованоски.

Почитувани, доаѓа време на одговорност! Доаѓа време кога секој еден кој се огрешил пред законот, ќе сноси одговорност! Времето на беззаконието и безредието завршува за брзо. Бидете уверени во тоа!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Wednesday, September 22, 2021

„Имено, Општината застапувана од градоначалникот Илија Јованоски, уште во 2018 година склучила договор за донација, во кој договор Општина Прилеп се јавува како примател на донацијата, додека едно здружение се јавува како давател на донацијата и тоа патничко моторно возило марка Мерцедес, тогаш проценето приближно на 18.000 евра.

Во врска со оваа донација, преземени се сите процедурални дејствија за реализација на донацијата, освен најважното, запишување на сопственоста и преземање на владението на донираното возило во корист на општината.

После вака преземените дејствија, несомнено Илија Јованоски, требало да ги допревземе останатите дејствија преку кои возилото Мерцедес, ќе го преземе во владение и ќе го запише како сопственост на Општина Прилеп.

На овој начин имотот на Општина Прилеп, останал помал за ПМВ Мерцедес, односно за околу 18.000 евра, колку што самиот донатор кажал дека вреди ова возило во моментот на донацијата.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, во најбрз рок да ги провери наводите во кривичната пријава, и после комплетирање на доказите и целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против градоначалникот Илија Јованоски.

Почитувани, доаѓа време на одговорност! Доаѓа време кога секој еден кој се огрешил пред законот, ќе сноси одговорност! Времето на беззаконието и безредието завршува за брзо. Бидете уверени во тоа!“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи