Царовска: Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид е стабилна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, имаше состанок со директорите на основните и средните училишта, на кој, како што извести се заклучило дека состојбата со Ковид-19 во училиштата била стабилна.

„Состојбата со Ковид во училиштата е стабилна и продолжуваме со настава со физичко присуство.

Наш заеднички врвен приоритет е да ги сочуваме училиштата безбедни и што подолго отворени за учениците.

На редовниот координативен состанок со директорите на основните и средните училишта, денеска разговаравме за текот на наставата со физичко присуство и подготвеноста на училиштата во услови на пандемија“, напиша Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи