Премиерот Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока, а партнерството со ЕУ е наша главна цел

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вчера доцна попладнето претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во просториите на Владата на Република Македонија беше домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев размени мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои беа предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, разговараше за постоечкиот континуитет кој оваа Влада го одржува во делот на реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација. Дополнително беше разговарано за пописот како клучна статистичка операција која недостасуваше изминативе 20 години и која е клучна за понатамошното развивање на државата на секој план.

Премиерот Заев истакна дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„ Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“, додаде Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи