Редовните студенти прв пат запишани во учебната 2021/22 година имаат право на бесплатен годишен билет за јавен превоз

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сите редовни студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје дека имаат право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз. Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје. Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

Од ЈСП Скопје информираат дека неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид и 200 ден, еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“.

Додека, пак, на бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година. Останатите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.

Од ЈСП Скопје посочуваат дека право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Потсетуваат дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи