Свежото време погодно за прибирање на родот во земјоделството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Намалување на температурите кои се невообичаени за овој период од годината, ќе им годат на земјоделците за прибирање на родот во градинарството на отворено, жетвата на пченката, добирањето на тутунот и неговото сушење, бербата на грозјето и овошките од средностасните сорти, велат агрометеоролозите од УХМР.

Влажниот бран, пак, што ја зафати земјава нема да го реши проблемот со сушата зашто недостасуваат многу повеќе врнежи. Но, полека се губи и потребата од наводнување ако се земе предвид дека вегетацијата е при крај, па и потребите од вода се намалуваат.

„Останува проблемот со подготовките на почвата за раните есенски сеидби кои скоро е и невозможно да се изведаут, особено на незаорани стрништа. Сите овие работи на отворено ќе почекаат некои нови подобри временски услови, пред се со врнежливи денови“, истакнуваат агрометеоролозите.

На пчеларите им се препорачува да вршат поинтензивна прихрана со течна храна и да ги спроведуваат сите останати, вообичаени подготовки за зазимување на пчелните семејства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи